Can Erözden
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Колумбискиот фудбалски ас Радамел Фалкао е на чекор до трансфер во истанбулскиот фудбалски тим Галатасарај, јавува Anadolu Agency (AA).
Раководството на актуелниот првак на Турција, Галатасарај, соопшти дека официјалните преговори се во завршна фаза и дека наскоро се очекува и потпишување на договорот.
Капитенот на Колумбија и досегашен фудбалер на Монако, Фалкао, веќе денес во попладневните часови ќе пристигне во Истанбул на средба со челниците на „Галата“.
Искусниот 33-годишен играч во својата кариера има играно за повеќе големи клубови како Ривер Плато, Порто, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Челси.