Dejan Maksimoviç
07 Јуни 2016•Ажурирај: 08 Јуни 2016
САРАЕВО (АА) - Светската антидопинг агенција (WADA) ја затвори антидопинг лабораторијата во Мадрид, бидејќи не е во согласност со меѓународните стандарди, јавува Anadolu Agency (AA).
Тоа е петта лабораторија која е затворена, откако Блумфонтајн неодамна се придружи на Лисабон и Пекинг чии лаборатории се суспендирани во согласност со активностите на ВАДА. Лиценцата за работа е укината уште во април во лабораторијата во Москва.
ВАДА соопшти дека до затворање на лабораторијата во Мадрид дошло поради неускладена работа со шпанската антидопинг агенција. Меѓутоа, од ВАДА истакнуваат дека другата шпанската лабораторија во Барселона ја задржала својата лиценца.
Суспензиите, кои веднаш стапуваат на сила, им забрануваат на лабораториите било какви активности поврзани со антидопинг, вклучувајќи ги сите анализи на примероци од крв и урина.
Мадридската лабораторија има рок од 21 ден да поднесе жалба до Арбитражниот суд за спорт.
По оваа одлука останаа 30 лиценцирани лаборатории на ВАДА во светот, но и понатаму нема ниту една во Африка.