Hüseyin Burak Demirer
17 Март 2021•Ажурирај: 18 Март 2021
АНКАРА (АА) - Американскиот голф играч Тајгер Вудс, кој доживеа сообраќајна несреќа пред три недели, истакна дека процесот на лекување ќе го продолжи во својот дом, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Четириесет и петгодишниот спортист на својот профил на Твитер, заблагодарувајќи им се на хирурзите, лекарите, медицинските сестри и болничкиот персонал, кои работеа за неговото лекување рече:
„Среќен сум што лекувањето ќе го продолжам во мојот дом [во Флорида]. Благодарен сум за вашата поддршка и за тоа што ме охрабрувавте.“
Вудс на 23 февруари со своето возило неколкупати се превртел додека се движел по булеварот „Хоторн“ во Лос Анџелес.
Во несреќата, Вудс имаше скршеници на десниот дел и потколеницата, како и на глуждот и стапалото.