Hüseyin Burak Demirer
17 Март 2021•Ажурирај: 18 Март 2021
АНКАРА
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој се наоѓа на 3. место од светската листа на тенисери во светот, нема да учествува на мастерс тенискиот турнир Мајами опен поради повреда, јавува Агенција Анадолија (АА).
Освојувачот на 20 тениски турнири во поединечна конкуренција, Надал, кој со Роџер Федерер ја дели титулата за „тенисер што има освоено најголем број грен слем шампионати“, преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека сака да се подготви за сезоната натпревари на земјен терен во Европа и од таа причина нема да учествува на турнирите во периодот од 22 март до 4 април.
Претходно Федерер, светскиот тениски рекет број 6, објави дека за да се подготви за учество на тенискиот турнир во Вимблдон нема да учествува на Мајами опен.
Надал, кој пет пати досега играше во финалето на Мајами опен, по елиминацијата во четвртфиналето на Австралија опен, првиот овогодишен тениски турнир, не настапи на ниту едно друго натпреварување.