Doga Kirmizioglu
23 Март 2017•Ажурирај: 24 Март 2017
АНКАРА (АА) - Возачот на Формула 1 од редовите на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека оваа сезона фаворит е тимот на Ферари, јавува Anadolu Agency (AA).
Кон крајот на неделава започнува новата сезона во трките на Формула 1, со Големата награда на Австралија.
Процена за новата сезона даде Хамилтон, кој постигна голем успех во последните години. Хамилтон рече дека на тренинзите, за разлика од претходните години, има голем напредок кај болидите на Ферари и додаде: „Според мене, оваа година Ферари ги има најбрзите болиди. Тие се фаворити сезонава“.
- „Мерцедес е многу моќен тим“ -
Германецот Себастијан Фетел, возач на Ферари, кој во својата кариера има освоено 4 шампионски титули, истакна дека сезонава ќе има натпреварувачка конкуренција меѓу Ферари и Мерцедес. „Ќе направиме сѐ што ни поаѓа од рака за да ги достигнеме. Мерцедес е многу моќен тим и доколку се променат правилата за да се зголеми конкурентноста, сигурен сум дека повторно на пистите ќе постават многу моќен болид“, истакна Фетел.
Фетел рече дека оваа година е многу задоволен од перформансите на болидот на Ферари: „Можам да кажам дека управуваме со најбрзиот болид. Среќни сме што ги имаме. Дали ќе имаме конкуренција, ќе покаже почетокот на сезоната“.
Возачите на Мерцедес, Хамилтон и пензионираниот Нико Розберг, во последните три сезони ги освоија шампионските титули. На тренинзите пред почетокот на сезоната, болидот на Ферари го имаше најбрзиот круг.