Hüseyin Burak Demirer
30 Август 2022•Ажурирај: 03 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Манчестер Јунајтед, еден од англиските премиерлигаши, се договори со клубот Ајакс за трансфер на бразилскиот напаѓач Антони Матеус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од клубот, по здравствените прегледи ќе биде потпишан договор со 22-годишниот бразилски репрезентативец.
Холандскиот тим Ајакс соопшти дека сумата за трансфер на Антони е 95 милиони евра, а сумата може да се искачи до 100 милиони евра со екстра премии.
Антони, кој ја започна својата професионална кариера во бразилската екипа на Сао Паоло во 2018 година, во Ајакс, каде што играше 3 сезони, настапи на 82 натпревари и постигна 25 гола.