Abdulkadir Karakaya
03 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
ЛОНДОН (АА) - Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, на гостински терен го совлада својот противник Њукасл Јунајтед, со резултат 2:0, јавува Anadolu Agency (AA).
На 21. коло во англиската Премиер лига, Њукасл Јунајтед, на свој терен, на стадионот „Сент Џејмс парк“, го пречека Манчестер Јунајтед.
Во првото полувреме на натпреварот и двете екипи не успеаја да постигнат ниту еден погодок.
Со головите постигнати во второто полувреме на мечот од страна на Ромелу Лукаку во 64. минута и Маркус Рашфорд во 80. минута, Манчестер Јунајтед успеа овој дуел против Њукасл Јунајтед да го заврши како победник, со резултат 2:0.
Манчестер Јунајтед ја постигна својата 4. последователна победа, а на табелата се наоѓа на 6. место со 38 бода.
- Челзи одигра нерешено против Саутемптон -
Од друга страна, Челзи на свој терен го пречека Саутемптон.
Натпреварот кој се одигра на стадионот „Стемфорд бриџ“ заврши со нерешен резултат 0:0.
Челзи на табелата се наоѓа на 4. место со 44 бода.