Hüseyin Burak Demirer
03 Јануари 2019•Ажурирај: 04 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Џоел Ембид, центарот на Филаделфија Севентисиксерс, со својот учинок од 42 поена и 18 скока му донесе победа на својот тим од 132:127 во натпреварот против Феникс Санс, пренесува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА. Во Источната конференција, екипата на Филаделфија која се наоѓа во врвот од табелата, на гостински терен успеа да го совлада тимот на Феникс Санс, последнопласирана екипа во Западната конференција.
Џоел Ембид, ол-стар играчот на Севентисиксерс, со дабл-дабл од 42 поена и 18 скока беше најистакнат играч на теренот. Бен Симсон постигна 29 поени и 6 асистенции, а Џ. Џ. Редик, 27 поени.
Во редовите на Санс најпрецизни беа Девин Букер со 37 поени и 8 асистенции и Деандре Ejтон со дабл-дабл од 18 поени и 11 скока, но тоа не беше доволно за победа на домаќинот.
- Охриѓанецот Џеди со 9 поени за Кавалирс -
Екипата на Кливленд Кавалирс во која игра охриѓанецот Џеди Осман, на домашен терен загуби од Мајами Хит со 92:117. Осман постигна скор од 9 поени, 3 скока и 3 асистенции.
Седум играчи од редовите на Мајами постигнаа двоцифрен број поени, а најпрецизни беа Џош Ричардсон со 24 поени и 5 асистенции и Тајлер Џонсон со 16 поени.
- Резултати
Шарлот Хорнетс - Далас Маверикс 84:122
Кливленд Кавалирс - Мајами Хит 92:117
Вашингтон Визардс - Атланта Хоукс 114:98
Бруклин Нетс - Њу Орлеанс Пеликанс 16:121
Бостон Селтикс - Минесота Тимберволвс 115:102
Чикаго Булс - Орландо Меџик 84:112
Мемфис Гризлис - Детроит Пистонс 94:101
Феникс Санс - Филаделфија Севентисиксерс 127:132
Лос Анџелес Лејкерс - Оклахома Сити Тандер 100:107
- Утре на програмата се натпреварите:
Сан Антонио Спарс - Торонто Репторс
Сакраменто Кинг - Денвер Нагетс
Голден Стејт Вориорс - Хјустон Рокетс