Dejan Maksimoviç
01 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
МАЈАМИ (АА) - Во финалето на Мајами Опен ќе играат Роџер Федерер и Рафаел Надал, со што некогашните најдобри тенисери на светот оваа година ќе приредат уште еден „класик” на белиот спорт, јавува Anadolu Agency (AA).
Неодамна Федерер и Надал играа во финалето на Австралиан Опен во кое по пет сета, победата ја однесе Швајцарецот. Сега Надал ќе има можност да му се реваншира во Мајами.
Шпанецот, кој моментално е седми играч на светот, во полуфиналето го совлада Италијанецот Фабио Фоњини со 2:0 во сетови (6:1, 7:5). Федерер имаше доста тешка работа против Австралијанецот Ник Кириос кого го совлада по три часа и 15 минути. Сите три сетови отидоа во таи-брејк, но моментално шестиот играч на АТП листата уште еднаш покажа зошто со години владеел со светскиот тенис. Тој славеше со 2:1, по сетовите 7:6, 6:7 и 7:6.
Финалето помеѓу Федрер и Надал на утрешната програма е со почеток во 21 часот по средноевропско време.