Dejan Maksimoviç
16 Септември 2017•Ажурирај: 17 Септември 2017
ЛОНДОН (AA) – Шпанскиот фудбалер Алваро Мората призна дека Манчестер Јунајтед сакаше да го доведе во своите редови ова лето пред да го реализира трансферот од Реал Мадрид во Челзи, јавува Anadolu Agency (AA).
Мората за британските медиуми истакна дека пресудило тоа што тренерот на „сините" е Антонио Конте, со кој имал можност кратко да соработува во Јувентус.
„Имав разни понуди ова лето, не само од Челзи и Манчестер Јунајтед, туку и од другите европски лиги. Најважен и најдобар разговор кој имав беше со Конте, бидејќи тој сакаше да дојдам тука. На почетокот на летото не знаев дека Челзи е заинтересиран за мене, мислев дека го сакаа Ромел Лукаку или некој друг играч. Не мислев дека опцијата со Челзи е отворена", вели Мората и додава:
„Меѓутоа, повеќе пати разговарав со Конте, не само ова лето, и ветив дека сум му должен, бидејќи тој ме донесе во Јувентус, но бргу потоа ја презеде репрезентацијата на Италија. Секогаш сакав да играм за него, имав можност само два месеци, но имав чувство дека го знам секогаш. Кога дознав дека сака да ме донесе во Челзи ова лето не ни размислував и направив се за да се реализира тоа."
Шпанскиот репрезентативец откри и дека блиску Челзи бил уште минатото лето, кога Конте бил именуван за нов менаџер.
Мората е дете на Реал Мадрид во кој по Атлетико Мадрид и Гетафе, тренирал како дете. За првиот тим на „кралскиот клуб" дебитирал во декември 2010. година. По четири сезони во кои не настапувал многу, одлучил да замине за Јувентус, за да 2016 година се врати во Реал. Во дресот на Шпанија одиграл 22 натпревари и постигнал 12 голови.