Mutlu Demirtaştan
30 Мај 2017•Ажурирај: 30 Мај 2017
ПАРИЗ (АА) - По пласманот во вториот круг на Ролан Гарос со победата над Беноа Пер во три сета 6:1, 6:4, 6:1, Рафаел Надал истакна дека е премногу задоволен од својата игра, јавува Anadolu Agency (AA).
„Среќен сум што турнирот го започнав со победа. Немав лесен противник во првата рунда, тоа е сосема очигледно. Тој е многу незгоден играч и годинава имаше неколку добри победи. На теренот излегов со многу почит кон него“, рече Надал.
На новинарско прашање за безбеднoсните мерки на турнирот во Париз, Шпанецот изјави дека е добро сигурноста да биде на високо ниво.
„Мислам дека е одлично што имаме толку голема сигурност. Не сакам да зборувам ништо лошо во врска со тоа, но светот денес е по малку луд. Затоа е добро да има безбедност, нели“, истакна Надал, додавајќи дека каде и да оди, се движи без лично обезбедување.
„Не сум лик што околу себе сака обезбедување. Секогаш низ светот одам без него. Јас сум сосема обичен човек. Но на вакви големи настани, важно е секој да добие сигурност каква што заслужува. За публиката, играчите и за сите други, сепак е важно да бидат на сигурно“, рече Шпанецот.
Надал во наредната рунда ќе се сретне со Холанѓанецот Робин Хасе.