Bakir Tiro
19 Август 2016•Ажурирај: 20 Август 2016
СУКРЕ (АА) - Аргентинецот Гилермо Ангел Хојос, селектор на фудбалската репрезентација на Боливија, за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство „Русија 2018“ денеска го објави списокот на играчи. И ништо не би било чудно ако на него не се најдоа дури 93 играчи!
Боливиските медиуми велат дека Хојос на првичниот список на репрезентативците за натпреварот против Перу на 1 септември, и за шест дена подоцна против Чиле, има седуммина голмани, 27 одбранбени играчи, 33 играчи од средниот ред и 25 напаѓачи, пренесува Anadolu Agency (AA).
По шест кола во јужноамериканската зона на квалификации за Светското првенство, Боливија има само три поени. Поради тоа, на почетокот на овој месец сменет е Хулио Цезар Балдивиес, а неговата поранешна работа ја добил Хојос.