Mutlu Demirtaştan
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Португалскиот фудбалски репрезентативец и член на шпанскиот клуб Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, го бележи најлошиот почеток на сезоната од неговото доаѓање во Реал Мадрид, јавува Anadolu Agency (AA).
По казната од пет натпревари, на коишто не играше поради црвениот картон од средбата од шпанскиот Супер Куп против Барселона, Роналдо се врати на теренот, но не успеа да се врати во форма.
Во вкупно три натпревари на шпанската Ла Лига, Португалецот не постигна ниту еден погодок, а забележа само една асистенција, што претставува негов најлош почеток на сезоната во дресот на Реал Мадрид, во кој пристигна во 2009 година.
Еден од најуспешните почетоци на сезоната во Реал Мадрид, Роналдо го имаше минатата година, кога во првите три кола постигна пет гола и една асистенција. Сите пет гола Роналдо ги постигна во третото коло против Еспањол.
Една година претходно, Роналдо имаше постигнато пет гола во првите три кола, од кои по еден постигна во средбите против Кордоба и Атлетико Мадрид, а трипати ја затресе мрежата на Депортиво Ла Коруња.