Alma Çekovic
28 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
МАДРИД (АА) - Sвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо изјави дека би сакал неговиот син, Кристијано Џуниор, да тргне по неговите стапки и да стане професионален фудбалер.
Сакам мојот син да биде фудбалер исто како мене. Мислам дека има нешто спортско во него. Има атлетски карактеристики. Се разбира, тој сè уште е мал, има само пет години, но го сака фудбалот и тоа е голем плус, изјави Роналдо во интервју за Кинеската телевизија "Zhejiang Satellite".
Еден од најдобрите играчи во светот тврди дека ќе го остави својот син сам да одлучи со што ќе се занимава.
"Имам 30 топки дома и секогаш е со топка, го сака тоа. Но, јас нема да го принудувам да биде фудбалер, затоа што тоа доаѓа природно и мора да биде негов избор. Но, би сакал Кристијано да биде фудбалер. Врвен, како и неговиот татко ", рече Португалецот.