Abdullah Tevge
21 Март 2021•Ажурирај: 22 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Екипата на Филаделфија Севентисиксерс на домашен терен во натпреварот од американската Национална кошаркарска лига (НБА) со резултат 129:105 го совлада Сакраменто Кингс, јавува Агенција Анадолија (АА).
Филаделфија Севентисиксерс, лидерот на Источната конференција, моќно го започна натпреварот и првата четвртина ја доби со резултат 42:21. Втората четвртина заврши нерешено 31:31, третата 33:28, а четвртата заврши во корист на Кингс 23:25, но недоволно за да се стигне високата предност на Севентисиксерс, кој на крајот славеше со 129:105.
Во Филаделфија Севентисиксерс дабл-дабл учинок постигнаа Тобајас Херис со 29 поени, 11 скока и 8 асистенции и Двајт Хауард со 10 поени и 13 скока. Шејк Милтон постигна 28 поени, 2 асистенции и еден скок, а турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз го заврши натпреварот со 7 поени и 2 асистенции.
Во редовите на Кингс најпрецизни беа Бади Хилд со 25 поени, 5 скока и 3 асистенции и Деарон Фокс со 16 поени, 6 асистенции и 4 скока.
- Антетокумпо со 15-те асистенции го урна сопствениот рекорд
Олстар-ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Антетокумпо, на натпреварот против Сан Антонио Спарс постигна дабл-дабл од 26 поени, 15 асистенции и 8 скока и на домаќините им донесе победа од 120:113.
Со 15-те асистенции постигнати на овој натпревар Антетокумпо го урна сопствениот рекорд во НБА.
Во редовите на Спарс најпрецизен беше Лони Вокер со 31 поен и 6 скока.
- Лејкерс загуби на домашен терен
Актуелниот шампион, екипата на Лос Анџелес Лејкерс, на домашен терен со резултат 94:99 загуби од Атланта Хоукс.
Леброн, кој се повреди на овој натпревар и на теренот помина само 11 минути, постигна 10 поени, 4 асистенции и еден скок.
Џон Колинс беше најпрецизен во редовите на Хоукс со дабл-дабл од 27 поени и 16 скока, со што даде голем придонес во победата на гостите.
- Резултати:
Лос Анџелес Лејкерс - Атланта Хоукс 94:99
Филаделфија Севентисиксерс - Сакраменто Кингс 120:105
Мемфис Гризлис - Голден Стејт Вориорс 111:103
Милвоки Бакс - Сан Антонио Спарс 120:113
Лос Анџелес Клиперс - Шарлот Хорнетс 125:98.