Şenhan Bolelli
06 Јули 2017•Ажурирај: 07 Јули 2017
МАДРИД (АА) - Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, го продолжи договорот со својот клуб за уште една година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од мадридскиот клуб се наведува дека со 33-годишниот Шпанец е потпишан нов договор кој за овој клуб го врзува до 30 јуни 2018 година.
„Среќен сум што уште една годинаќе бидам заедно со вас. Ви благодарам што сите овие години бевте покрај мене“, напиша Торес на социјалните мрежи веднаш по потпишувањето на договорот.
Торес е подмладок на Атлетико Мадрид за кој настапуваше од 2002 до 2007 година, а потоа се пресели во Ливерпул.
Настапуваше за Челзи и Милан, а во 2015 година се врати во матичниот клуб. Во минатата сезона одигра 45 натпревари, забележа десет гола и пет асистенции.