Yunus Kaymaz
06 Април 2019•Ажурирај: 08 Април 2019
ИСТАНБУЛ
Синоќа тимот на Голден Стејт Вориорс, последниот шампион на американската Национална кошаркарска лига НБА, на домашен терен го совлада Кливленд Кавалирс со резултат 120:114, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на редовниот тек на НБА, синоќа се одиграа 13 натпревари. Голден Стејт Вориорс на домашен терен го совлада Кливленд Кавалирс за кој игра охриѓанецот Џеди Осман со резултат 120:114, извојувајќи ја четвртата победа едноподруго.
Најдобра игра во Вориорс прикажаа Стефен Кари со 40 поени, 7 асистенции, 6 скока, Дрејмонд Грин со 20 поени, 8 скока, 5 асистенции, и Кевин Дурант со 15 поени, 8 асистенции и 5 скока.
Џеди Осман постигна 15 поени, 6 скока, 2 асистенции, а најпрецизни кај госите беа Колин Секстон со 27 поени, 4 асистенции, 1 скок и Лери Ненси со дабл-дабл од 13 поени, 14 скока и 2 асистенции.
- Харден повторно им донесе победа на Рокетси
Џејмс Харден даде голем придонес во победата на Хјустон Рокетс над Њујорк Никс од 120:96, носејќи му ја на својот клуб 52. победа сезонава.
Харден имаше скор од 26 поени, 8 скока, 8 асистенции, а дабл-дабл учинок кај домаќините постигнаа Клинд Капела со 12 поени, 15 скока и Крис Пол со 11 поени и 10 асистенции.
Во редовите на Никси, Хрватот Марио Хезоња постигна трипл-дабл од 16 поени, 16 скока и 11 асистенции, а Хенри Еленсон натпреварот го заврши со 16 поени, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
- Резултати
Голден Стејт Вориорс - Кливленд Кавалирс 120:114
Хјустон Рокетс - Њујорк Никс 120:96
Шарлот Хорнетс - Торонто Репторс 113-111
Лос Анџелес Клиперс - Лос Анџелес Лејкерс 117:122
Орландо Меџик - Атланта Хоукс 149:113
Вашингтон Визардс - Сан Антонио Спарс 112:129
Индијана Пејсерс - Бостон Селтикс 97:117
Минесота Тимберволвс - Мајами Хит 111:109
Оклахома Сити Тандер - Детроит Пистонс 123:110
Далас Маверикс - Мемфис Гризлис 112:122
Јута Џез - Сакраменто Кингс 119:98
Феникс Санс - Њу Орлеанс Пеликанс 133:126
Денвер Нагетс - Портланд Треил Блејзерс 119:110