Doga Kirmizioglu
06 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Sвездата на бразилската фудбалска репрезентација, Неjмар, поради повреда нема да може да настапи на Копа Америка, организиранo од страна на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави бразилската фудбалска репрезентација се наведува дека на пријателскиот натпревар на кој Бразил како домаќин ја совлада репрезентацијата на Катар со 2:0, се повредил интернационалецот Неjмар, и бил принуден да го напушти теренот во 17. минута.
Неjмар се здобил со скршеница на ножниот глужд и нема да може да настапи за бразилската репрезентација на Копа Америка кое ќе се одржи од 14 јуни до 7 јули.
Тите, тренерот на Бразил, минатиот месец изјави дека на Копа Америка капитенската лента му ја земал на Нејмар и му ја доделил на Дани Алвес.