Bakir Tiro
31 Јули 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Роналдињо, еден од најдобрите бразилски фудбалери на сите времиња на темата за можен трансфер на неговиот сонародник Нејмар (25) од Барселона во Марсеј, истакна дека тој „треба да си го слуша срцето“.
„Нека си го следи срцето. Нека биде среќен и нека одлучи како што ќе му каже неговото срце“, изјави Роналдињо, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во последните неколку недели сѐ повеќе се зборува дека дресот на каталонскиот гигант Нејмар ќе го замени со дресoт на ПСЖ.
Според последните информации, Парижаните се подготвени да платат 222 милиони евра отштета за бразилската ѕвезда, која, како што се шпекулира, не сака да биде во сенка на Лионел Меси.