Emre Doğan
25 Март 2022•Ажурирај: 31 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Францускиот фудбалски стручњак Валериен Исмаел е новиот шеф на Стручниот штаб на турскиот суперлигаш Бешикташ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Раководството на истанбулскиот Бешикташ соопшти дека со Исмаел потпишале договор до крајот на наредната сезона, со можност за продолжување на соработката на уште една година.
Бешикташ по 30 одиграни натпревари се наоѓа на осмото место на табелата во Суперлигата со освоени 46 бода, а во последните три натпревари не оствари победа.
Во следниот натпревар Бешикташ на 3 април ќе одигра тешко гостување кај лидерот на табелата, Трабзонспор.