Emre Doğan
08 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Се повреди германскиот фудбалер од редовите на шпанскиот прволигаш Реал Мадрид, Тони Крос, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Германската фудбалска федерација објавено на својата официјална интернет страница се вели дека од репрезентативниот тим е изваден Тони Крос, бидејќи на натпреварот против Леганес, кој Реал Мадрид го доби со 3:0, германскиот репрезентативец скршил прст од десната нога.
Според веста која се најде во шпанскиот печат, се очекува Тони Крос да не настапува 2 до 3 месеци. Според тоа Крос нема да биде дел од германската репрезентација во дуелот против Сан Марино во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2018 година, а нема да го облече ниту дресот на Реал Мадрид во Ла Лигата против екипите на Атлетико Мадрид и Барселона.