Muhammed Emin Canik
25 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
БУЕНОС АИРЕС
Во Аргентина се појавија медиумски извештаи во кои се тврди дека некогаш еден од најдобрите фудбалери на светот, Диего Армандо Марадона, починал во 60. година од животот, од последиците на срцев удар, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Аргентинските весници „Кларин" (Clarin) и „Оле" (Ole) тврдат дека Марадона претрпел кардиореспираторен застој утрово по локално време, во градот Тигре. На фотографиите кои ги објавија весниците може да се види возило на Брзата помош пред куќата на Марадона.
Марадона неодамна имаше операција на отстранување на тромб од мозокот. По операцијата на мозокот, медицински лица останаа во куќата на Марадона за да го држат под надзор.
Марадона е роден на 30 октомври 1960 година во Буенос Аирес. Во текот на блескавата фудбалска кариера играше за Аргентинос Јуниорс, Бока Јуниорс, Барселона, Наполи, Севиља, Њувел Олд Бојс. Кариерата ја заврши во Бока Јуниорс во 1997 година. Се бавеше со тренерска работа, а најсериосен ангажман имаше од 2008 до 2010 година, кога ја водеше репрезентацијата на Аргентина.
Со националниот тим на Аргентина како играч стана светски шампион во 1986 година во Мексико.