Bakir Tiro
04 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
САРАЕВО (AA) - Бакир Тиро -
Новоизбраниот селектор на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина (БиХ), Роберт Просинечки, во разговор за Anadolu Agency (AA) изјави дека му е драго што денеска е избран за нов селектор на репрезентацијата на БиХ.
Селекторот Просинечки е избран со едногласна одлука на членовите од Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на БиХ, заедно со неговите соработници во стручниот штаб Гордан Циприќ, Драган Спасиќ, Елвир Рахмиќ и тренерот на голманите Кенан Хасанагиќ.
За прв пат откако се бираат селектори во БиХ, во случајот со Просинечки е исполнет условот селекторот самиот да ги бира соработниците во стручниот штаб.
„Тоа е нормална работа. И мојот услов беше нормален, да работам со луѓето со кои мислам дека тоа го можам најдобро. Лесно се договоривме и за тоа ми е, како што реков, драго. Босна и Херцеговина има добра екипа и можеме да направиме многу. Секако дека целта ќе ни биде пласман на следното Европско првенство“, рече Просинечки.
Мандатот на Просинечки и неговиот стручен штаб ќе биде две години, и имаат јасна цел, а тоа е пласман на Европското првенство 2020 година.