Yunus Kaymaz
04 Јануари 2018•Ажурирај: 05 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Фудбалскиот клуб Торино од Првата италијанска фудбалска лига (Серија А) ги раздвои своите патишта со тренерот Синиша Михајловиќ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јувентус го порази Торино со резултат 2:0, на вчерашното четвртфинале на италијанскиот куп, а казната за поразот ја доби Михајловиќ и неговиот тим.
Клубот изјави дека му се заблагодарува на српскиот технички директор, за неговиот 18-месечен ангажман. Михајловиќ го презеде Торино во мај 2016 година.
Италијанските медиуми тврдат дека Михајловиќ ќе го замени Валтер Мацари, кој претходно работеше во Наполи, Интер и Ватфорд.
Српскиот тренер имаше 23 победи, 23 нерешени натпревари и 17 загуби со Торино. Италијанскиот тим има само еден пораз во последните осум натпревари во лигата.