Övünç Kutlu
17 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
ЊУЈОРК (АА) - Екипата „Каролина Пантерс“ која се натпреварува во Националната фудбалска (рагби) лига на Америка (НФЛ), е продадена за околу 2,3 милијарди долари, со што е урнат рекордот во лигата, јавува Anadolu Agency (AA).
На официјалната интернет-страница на Каролина Пантерс е објавено соопштението дека основачот и сопственик на клубот, Џери Ричардсон, ја договорил продажбата на клубот со американскиот милијардер и бизнисмен Дејвид Тепр.
Во соопштението се наведува дека спроведувањето на постигнатиот договор треба да се изврши во јули, по завршувањето на НФЛ-првенството, не давајќи повеќе детали околу самата продажба.
Во американските медиуми протече веста дека клубот „Каролина Пантерс“ е продаден за цена од 2 милијарди и 275 милиони долари, со што е урнат рекордот на НФЛ-лигата.
Во 2014 година, екипата на „Бафало Билс“ го промени сопственикот за цена од 1,4 милијарди долари.
Од друга страна, минатата година во Американската кошаркарска лига (НБА), 49 отсто од тимот на „Хјустон Рокетс“ беше продаден за 2,2 милијарди долари, додека за истиот процент на акции за тимот на „Бруклин Нетс“ беа платени 2,3 милијарди долари.
Новиот сопственик на Каролина Пантерс, Тепр, со проценето богатство од 11 милијарди долари се наоѓа на 130. место на „Светската листа на милијардери во реално време“ на „Форбс“.
Новиот сопственик на Пантерс, во ХФЛ-лигата е споственик и на акциите на рагби тимот „Питсбург Стилерс“.