Erkan Tiryaki
17 Мај 2018•Ажурирај: 18 Мај 2018
БЕЛГРАД (АА) - Еркан Тирјаки
Денес во Белград започнува Фајнл-фор турнирот на ТХЈ Евролигата во кошарка, јавува Anadolu Agency (AA).
На турнирот во Белград учествуваат екипите на Фенербахче Догуш (Турција), Реал Мадрид (Шпанија), Жалгирис (Литванија) и ЦСКА Москва (Русија).
Првиот натпревар со почеток во 18:00 часот ќе се одигра меѓу екипите на Фенербахче Догуш и Жалгирис.
Вториот натпревар е закажан за 21:00 часот меѓу екипите на ЦСКА Москва и Реал Мадрид.
Победниците од двата натпревара на 20 мај (недела), со почеток во 20:00 часот ќе го играат финалето на ТХЈ Евролига. Поразените екипи од првите натпревари со почеток во 17:00 часот ќе се борат за третата позиција.

Три клуба од минатогодишниот турнир
Во овогодишниот Фајнл-фор турнир играат три екипи кои учествуваа и минатата година.
Екипите на Фенербахче Догуш, ЦСКА Москва и Реал Мадрид се учесниците кои и лани беа дел од четворката на Фајнл-фор турнирот на ТХЈ Евролигата.
Оваа година, наместо минатогодишниот учесник Олипијакос (Грција), на завршниот турнир игра Жалгирис.
Фенербахче Догуш на 11. средба против Жалгирис во Фајнл-фор
Турскиот претставник Фенербахче Догуш, против Жалгирис ќе се состане по 11. пат во рамките на завршниот турнир Фајнл-фор на Евролигата.
Во досегашните 10 средби, Фенербахче Догуш против Жалгирис извојува седум победи и претрпе три порази.
На средбите одиграни во рамките на нормалниот дел од сезоната во ТХЛ Евролигата, и двете екипи славеа победа на гостински терен.
Обрадовиќ со предност пред Јасикевициус
Тренерот на Фенербахче, Догуш Обрадовиќ, има позитивен скор против Сарунас Јасикевициус,
тренерот на Жалгирис.
Обрадовиќ во досегашната кариера против својот играч во времето кога го водеше грчкиот Панатинаикос се сретна четири пати.
Обрадовиќ во скорот против Јасикевициус извојува три победи и претрпе еден пораз.
ЦСКА Москва и Реал Мадрид по вторпат ќе се сретнат во Фајнл-фор
Во натпреварите од Фајнл фор, ЦСКА Москва и Реал Мадрид ќе се сретнат по вторпат.
Минатата сезона, во борбата за третото место ЦСКА Москва го совлада Реал Мадрид.
И двете екипи по првпат ќе се сретнат во едно полуфинале на Фајнл-фор од ТХЈ Евролигата.
Двете екипи утре ќе го играат својот 22. натпревар. Руската екипа извојува победа на 15 од 21 натпревар. Во натпреварите кои ги одиграа меѓусебно оваа сезона, победници беа домашните екипи.
Тренерот на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис, има подобар скор против тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо. Двајцата тренери со сегашните тимови се сретнале седум пати, во кои грчкиот стручњак извојува 5 победи.
Најпрецизен играч на Фајнл фор е гркот Галис
На натпреварите одиграни пред воведувањето на Фајнл-фор турнирот во Евролигата, најпрецизен играч е гркот Никос Галис.
Во организираните Фајнл-фор турнири кои се организираат од 1988 година наваму, Галис со Арис на турнирите во 1988, 1989 и 1990 година и со Панатинаикос во 1994 година постигна вкупно 231 поен. Во исто време Галис е носител и на кошаркар со најголем број постигнати поени на еден натпревар (43).
По Галис, на втората позиција е американецот Џ. Р. Холден со постигнати 194 поени.
„Крал на асистенции“ во рамките на Фајнл-фор е грчкиот кошаркар Теодорос Папалукас. Папалукас, играјќи во редовите на ЦСКА Москва и Олимпијакос, успеа да постигне 59 асистенции на завршните натпревари на Фајнл-фор. Втората позиција ја делат Гркот Димитрис Дијамантидис, Литванецот Сарунас Јасикевициус и Србинот Милош Теодосиќ со 46 асистенции.