Dejan Maksimoviç
17 Мај 2018•Ажурирај: 18 Мај 2018
МАДРИД (AA) – Фудбалскиот клуб „Атлетико Мадрид“, освојувачот на Лига Европа, оваа сезона за настапите во европските натпреварувања заработи 26,6 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
За синоќешниот триумф во финалето на Лига Европа над Олимпик Марсеј со резултат 3 : 0 во Лион, клубот од Мадрид доби 6,5 милиони евра. За влезот во полуфиналето добија 1,6 милиони, а за влез во четвртфиналето милион евра.
Вкупно низ настапите во Лига Европа новиот освојувач на натпреварувањето заработи 10,3 милиони евра. Кога на тоа ќе му се додадат 16,3 милиони евра заработени во Лигата на шампионите, се доаѓа до вкупна заработка од 26,6 милиони евра.
Атлетико во сезоната 2013/14, кога се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, заработи 50 милиони евра. Пред две години, кога Атлетико Мадрид играше за пехар во највисокото клубско натпреварување, заработката беше уште поголема и изнесуваше 69,5 милиони евра.