Doga Kirmizioglu
27 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
КИЕВ (AA) – Поради повреда во синоќешниот финалел меч во Лигата на шампионите, напаѓачот на Ливерпул и најголемата ѕвезда на репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах, би можел да го пропусти Светското првенство кое од 14 јуни до 15 јули ќе се игра во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Салах, по дуелот со капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, доби повреда на рамо и излезе од теренот во 31 минута од синоќешното финале во Киев.
Еден од најдобрите играчи во Европа оваа сезона во солзи го напушти теренот, а стравот кај навивачите дека Салах би можел да го пропушти Мундијалот во Русија, го потврди и тренерот на Ливерпул Јурген Клоп кој доцна синоќа рече дека повредата на Салах е од потешка природа.
„Однесен е во болница и извршен е рентгенски преглед. Првите налази се чинат добри и повредата би можела да биде од посериозен карактер. Можно е да го пропусти Светското првенство. Пред нас е голем проблем, ова е неверојатно", рече Клоп.
Египет на Мундијалот во Русија ќе настапи во групата „А" во која се уште домаќинот Русија и Уругвај и Саудиска Арабија, а евентуалното изостанувајње на Салах значително би ги намалило шансите на Еѓипќаните за остварување на значителен резултат.