Mutlu Demirtaştan
28 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во финалето на плејоф-натпреварите од Источната конференција, Кливленд Кавалирс со победата на гостински терен од 87 : 79 над Бостон Селтикс стигна до серијата од 4 : 3. Со оваа победа Кавалирс станаа првак на Источната конференција и се пласираа во финалето на НБА, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се играше последниот седми натпревар од финалето на Источната конференција во НБА, во кој Бостон Селтикс на домашен терен ја пречека екипата на Кливленд Кавалирс.
Првата четвртина од натпреварот заврши со водство на Селтикс од 26 : 18. Во втората четвртина домаќинот успеа да го задржи водството и на полувреме замина со резултат 43 : 39.
Во второто полувреме, НБА-ѕвездата од редовите на Кавалирс, Леброн Џејмс ја презеде лидерската улога и со перформансот што го прикажа на крајот од третата четвртина, Кавалирс имаше предност од 56 : 59. Леброн со исто темпо продолжи во последната четвртина и на крајот од натпреварот, Кливленд Кавалирс успеа да извојува победа со 79 : 87.
Со победата од 4 : 3 во финалето на плејоф-натпреварите на Источната конференција, Кливленд стана првата екипа која се пласираше во финалето на НБА.
Противникот на Кливленд Кавалирс во финалето на НБА ќе биде познат по 7. натпревар меѓу Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс во финалето на Западната конференција, кој се игра вечерва во три часот наутро.