Mehmet Ali Derdiyok
05 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Аеродромот „Ататурк“ во Истанбул го постави својот нов рекорд во воздушниот сообраќај со бројка од 1.454 полетувања и слетувања, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од претпријатието за државни аеродроми (ДХМИ) при Директоратот на аеродромот Ататурк, вчера од аеродромот имало вкупно 1.454 полетувања и слетувања, а влез и излез направиле 141.269 патници.
На 10. јули, на аеродромот имаше 1.443 полетувања и слетувања, а 142 илјади и 2 патника направија влез и излез.
Од раководството очекуваат нови рекорди за време на претстојниот празник Курбан Бајрам.