Bedrudin Brlyavac
22 Август 2018•Ажурирај: 23 Август 2018
ПАРИЗ (AA) - Тиери Анри (41), некогаш одличниот француски фудбалер е нов тренер на Бордо, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот стана тренер на славниот француски клуб, откако раководството на Бордо му даде отказ на Уругваецот Густаво Појет, поради острите критики кои ги упати на сметка на клубот.
Уругвајскиот тренер одлуката на клубот да го продаде напаѓачот Гетан Лаборде во Монтпелје ја нарече срамна поради што првин е суспендиран, а потоа доби отказ.
Пред да се реши да го преземе Бордо, Анри, сепак, имал неколку барања кои ги доставил на Управата на клубот.
Меѓу другото, барал гаранција дека Управата финансиски ќе ги поддржи неговите идеи околу потенцијалните засилувања, на што првите луѓе на Бордо се согласиле.
Пред овој анганжман, Анри беше помошник-тренер на тренерот на Белгија, Роберт Мартинез.
Французиот Анри својата богата и успешна фудбалска кариера ја заврши во 2014 година во Њујорк РБ. Претходно играше за Монако, Јувентус, Арсенал и Барселона.
Во дресот на репрезентацијата на Франција, со која беше светски шампион во 1998 и во 2000 година, одигра 123 натпревари и постигна 51 гол.