Fatjon Cuka
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
ТИРАНА (АА) - Фудбалскиот сојуз на Албанија денеска го претстави проектот за изградба на Национален стадион во Тирана, чија изградба ќе изнесува 50 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
По тој повод, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека станува збор за многу голема инвестиција од која сите ќе имаат корист и најави дека "Националната Арена", како што ќе се вика стадионот, ќе биде еден од најубавите во Европа.
"Многумина кои денеска нè слушаат се возбудени од фактот што Албанија ќе добие стадион кој ги исполнува сите европски стандарди, стадион на кој, како што одлучивме со претседателот на Сојузот, ќе се играат не само натпревари на националниот тим, туку и Суперкупот и Лига на Европа. Ќе успееме во тоа, бидејќи ќе го имаме еден од најубавите стадиони во Европа. Не претерувам, бидејќи не е ништо тешко кога имате вистинска визија, вистинска одлучност и вистински тим, и јас верувам дека денеска го имаме тој вистински тим", рече Рама.
Рама се сложи со фактот дека денеска фудбалот е една од најголемите индустии за развој и дека од културнен и социјалнен аспект, спортот служи како инструмент кој им дава потстрек на новите генерации и верба дека "ништо не е невозможно".
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Арманд Дука изјави дека овој проект е резултат на успешната соработка на Сојузот и Владата. Навести дека работите околу изградбата на новиот стадион започнуваат оваа година, но не го прецизирал точниот датум.
На церемонијата на презентација на проектот учествуваше и шефот на одделението за развој на националните асоцијации на УЕФА, Тиери Фавре и италијанските архитекти, Марио Касамонти и Џовани Полаци, кои, зборувајќи околу деталите за изгледот на новиот стадион, открија дека во него ќе бидат имплементирани елементи од албанската традиција и идентитет и дека ќе биде еден од најмодерните во Европа.