Doga Kirmizioglu
15 Септември 2016•Ажурирај: 16 Септември 2016
АНКАРА (АА) – УЕФА официјално објави дека финалето на Лигата на шампиони во 2018 ќе се одржи во Киев, главниот град на Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот на извршниот комитет на УЕФА, кој се одржа во Атина, на официјалната веб-страница беше објавено дека се прецизирани стадионите на кои ќе се одигра финалето на Лигата на шампиони и Суперкупот во 2018 година.
Според донесената одлука, финалето на Лигата на шампиони 2018 ќе се одржи на 26. мај 2018, на олимпискиот стадион во Киев.
Суперкупот на УЕФА пак, ќе се одигра на 14. август, на стадионот Лилекула во Талин, главниот град на Естонија.
Претходно беше објавено дека финалето на Лигата на шампиони за 2017, ќе се одржи на 3. јуни, на стадионот „Милениум“, во Кардиф, главниот град на Велс. Финалето на Суперкупот ќе се одигра на 8. август, на арената „Филип Втори“ во Скопје, Македонија.
Претседателот на Украина, Петро Порошенко утрово ја соопшти информацијата дека финалето на Лигата на шампиони 2018 ќе се одржи во Киев.