Yunus Kaymaz
27 Јули 2018•Ажурирај: 27 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Будимпешта, главниот град на Унгарија, на патеката Хунгароринг ќе се вози овогодинешната 12. трка во Формула 1. Патеката е во должина од 4.381 метар, а возачите ќе треба да извозат 70 круга. Во сабота со почеток во 15:00 часот ќе се одржи трката за пол-позиција, а трката е закажана за недела, 29 јули со почеток во 15:10 часот, јавува Anadolu Agency (AA).
На патеките во Австралија, Бахреин, Канада и Велика Британија победа извојува возачот на Ферари, Германецот Себастијан Фетел, во Азербејџан, Шпанија, Франција и Германија, возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, во Кина и Монако возачот на Ред Бул-ТАГ Хуер, Австралиецот Даниел Рикардо, а во Австралија возачот на Ред Бул-ТАГ Хуер, Холанѓанецот Макс Ферштапен.
