Mutlu Demirtaştan
17 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Новата сезона на Формула 1 започнува престојниот викенд со трката за Големата награда на Австралија на патеката Алберт парк во Мелбурн, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот Гран При од сезоната ќе се одржи во недела на 20.март, а возачите ќе возат 58 кругови на патеката долга 5.303 метри. Веќе утре се на распоред првите тренинзи, а во сабота ќе биде одржан тренинг на кој ќе бидат утврдени стартните позиции од кои ќе тргнат болидите во нова сезона на „најбрзиот циркус на светот“.
Престојната сезона на Формула 1 ќе заврши на 27 ноември со трката на Гран При во Абу Даби, а возачите во текот на сезоната ќе возат вкупно 21 трка. Во споредба со претходните сезони, новина е трката за Големата награда на Азербејџан која како осма трка од сезоната ќе се вози на 19 јуни во Баку.
Формула 1 по една година пауза се враќа и во Германија, а тој Гран При ќе биде 12 трка од сезоната која ќе се вози на патеката во Хокенхејм.
Престојните сезони ќе се возат за големите награди на Австралија, Бахреин, Кина, Русија, Шпанија, Монако, Канада, Азербејџан, Австрија, Велика Британија, Унгарија, Германија, Белгија, Италија, Сингапур, Малезија, Јапан, САД, Мексико, Брази и Абу Даби.
Меѓународната автомобилска федерација воведе неколку ситни измени воочи новата сезона, од кои највеќе се истакнува делот врзан за издувниот систем и користење на гумите.
И покрај незадоволството на возачите и навивачите, правилата за квалификациите за трката на Формула 1 се сменети пред самиот почеток на сезоната. И ќе се применуваат веќе од трката во Австралија. Во текот на оваа сезона, ќе бидат сменети и правилата за радио комуникацијата која ќе биде намалена, што дополнително ги разлути навивачите.
Во престојната сезона ќе возат вкупно 11 екипи, а титулата на првак ја брани Луис Хамилтон во болидот на Мерцедес. Вториот болид на тој германски тим ќе го вози Ноко Росберг. За воланот на најголемиот ривал на Мерцедес, Ферари, ќе седат Себастијан Фетел и Кими Раиконен.