Diyar Güldoğan
26 Јули 2018•Ажурирај: 27 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Бразилскиот тренер Аденор Леонардо Бачи, попознат како Тите, ќе раководи со националниот фудбалски тим до крајот на Светското првенство на ФИФА во 2022 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) соопшти дека заедно со Тите, продолжен е и договорот на главниот координатор Еду Гаспар.
Тите (57) беше назначен за селектор на бразилската фудбалска репрезентација во 2016 година.
Во вкупно 26 натпревари, од неговото назначување, репрезентацијата на Бразил има 20 победи, 4 нерешени натпревари и два пораза.
На Светското првенство во Русија 2018 Бразил беше елиминиран од Белгија во четвртфиналето.