Alma Çekovic
28 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
ПАРИЗ (AA) - Француското јавно мнение остро се спротиставува на откажување на Европското првенство во фудбал ова лето во својата земја чие одржување поради терористичките напади кои се случија во Париз во ноември минатата година и во Брисел минатиот месец, во одредени кулоари е доведено во прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
Резултатите од најновото испитување на јавното мнение кое го спроведе институтот Одокса покажуваат дека 79 отсто од Французите сакаат да се одржи ЕУРО 2016 и покрај заканите за терористичките напади.
Со оглед дека Европа последно време е мета на терористичките напади, расте загриженоста дека ЕУРО 2016 во Франција, од 10 јуни до 10 јули би можело да биде мета на нападите, а посебно фан зоната каде љубителите на фудбалот ќе ги следат натпреварите преку големите екрани. Запрашани дали колективното гледање во "фан зоните" треба да се откаже, 58 отсо испитаници одговори со "не" додека 42 отсто од нив одговори потврдно.
Премиерот на Франција Мануел Валс претходно изјави дека е "клучно" Европското првенство во фудбал да се одржи во Франција за да се покаже дека таа земја не е во страв по терористичките напади во Брисел и Париз.
Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев исто така порача дека натпреварите на ЕУРО 2016 ќе бидат играни и тоа со висок степен на безбедносните мерки. Истото го порача и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција Ноел Ле Грет.