Admir Krehmiç
12 декември 2015•Ажурирај: 13 декември 2015
ПАРИЗ (AA) – Ждрепката за ЕУРО 2016 година одржана е вечерва во Париз. Хрватска ќе се натпреварува во групата Д, во која носител е актуелниот првак на Европа, репрезентацијата на Шшанија. Албанија е извлечена во групата А, јавува Anadolu Agency.
Носители на групите се Франција, Англија, Германија, Шпанија, Белгија и Португал.
Во групата А се наоѓаат Франција, Романија, Албанија и Швајцарија.
Во групата Б, каде носител е Англија се наоѓаат Русија, Велс и Словачка.
Во групата Ц се наоѓаат Германија, Украина, Полска и Северна Ирска.
Во групата Д, чиј носител е актуелниот првак на Шпанија, се наоѓаат Чешка, Турција и Хрватска.
Во групата Е извлечени се Белгија, Италија, Ирска и Шведска.
Во групата Ф се наоѓаат Португал, Исланд, Австрија и Унгарија.
ЕУРО 2016 ќе биде отворено со натпреварот помеѓу репрезентациите на Франција и Романија на 10 јуни.
Европското првенство во Франција ќе се одржи од 10 јуни до 10 јули наредната година. По птв пат на завршниот турнир ќе настапат 26 репрезентации кои се поделени во 6 групи.
Пласманот во осмина финале, од каде тргнува нокат систем на натпреварувањето, ќе го обезбедат по две првопласирани од секоја група, како и четири најдобри третопласирани.
За време на ЕУРО 2016 ќе бидат одиграни 51 натпревари, на десет стадиони во девет француски градови. Финалето е закажано за 10 јули на „Stade de France“ со почеток во 21 часот.