Mutlu Demirtaştan
04 Март 2018•Ажурирај: 05 Март 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Американската кошаркарска лига НБА, тимот на Хјустон Рокетс со победата од 123:120 над Бостон Селтикс дојде до својата 15. едноподруго победа, постигнувајќи ја втора најдолга серија на победи во историјата на овој клуб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во НБА вчера се одиграа седум натпревари. Во Западната Конференција, лидерот Хјустон Рокетс дојде до својата 49. победа, совладувајќи го Бостон Селтикс со резултат 123:120, а голема заслуга за победата на Хјустон Рокетс имаше Џејмс Харден, постигнувајќи дабл-дабл од 27 поени, 10 асистенции, 7 скока и 5 украдени топки.
Свој придонес во победата на Рокетс дадоа и Ерик Гордон со 29 поени, Тревор Ариза со 21 поен и Крис Пол со 15 поени.
Ова е 15. последователна победа на Рокетс со што ја повтори втората најдолга серија на победи во историјата на клубот. Рокетси претходно, во сезоните 1992/1993 и 1993/1994 имаа постигнато 15 последователни победи. Клупскиот рекорд на последователни победи, Рокетс го постигна во сезоната 2007/2008, кога имаше 22 победи едноподруго.
По четири победи, Бостон Селтикс, второпласираниот во Источната Конференција, го доживеа својот 20. пораз. Најефикасни во редовите на Бостон беа Маркус Морис со 21 поен, Кајри Ирвинг и Грег Монро со по 18 поени.
- Кавалерси совладани од Нагетс -
Денвер Нагетс, кој се бори за пласман во плеј-оф натпреварувањето на Западната Конференција, ја совлада екипата на Кливленд Кавалирс со резултат 126:117.
Ова е 35. победа оваа сезона за Нагетс, а најефикасни во нејзините редови беа Гери Харис со 32 поени, Вил Бартон со 23 и Вилсон Чендлер со 16 поени.
Ова е трет пораз на Кавалирс во последните четири натпревари. Леброн Џејмс постигна трипл-дабл од 25 поени, 15 асистенции и 10 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Денвер Нагетс. Ова е 26. пораз на Кливленд, кој се наоѓа на третата позиција во Источната Конференција. ЏР Смит постигна 19 поени, Џорџ Хил 17, Лери Ненси Џуниор 14. Турскиот репрезентативец Џеди Осман, кој по потекло е од Македонија, беше во стартната петорка на Кливленд, и за 23 минути колку што помина на теренот, постигна 13 поени, 3 скока и 1 асистенција.
НБА продолжува со 7 натпревари.
Резултати:
Орландо Меџик - Мемфис Гризлис 107:100
Кливленд Кавалирс - Денвер Нагетс 117:126
Мајами Хит - Детроит Пистонс 105:96
Хјустон Рокетс - Бостон Селтикс 123:120
Сан Антонио Спарс - Лос Анџелес Лејкерс 112:116
Портланд Треил Блејзерс - Оклахома Сити Тандерс 108:100
Сакраменто Кингс - Јута Џез 91:98