Hüseyin Burak Demirer
17 Јануари 2017•Ажурирај: 18 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - На Австралија опен, првиот Гренд слем турнир оваа сезона, се сретнаа второпласиранот на светската ранг-листа, Новак Ѓоковиќ и Фернандо Вердаско, пласиран на 40. место. Во второто коло помина Ѓоковиќ, совладувајќи го Вердаско со резултат 3:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Во австралискиот град Мелбурн се одржува тенискиот турнир Австралија опен, каде што во меч се сретнаа Србинот Новак Ѓоковиќ, кој досега шестпати го има освоено трофејот на Австралија опен, и Шпанецот Фернандо Вердаско, со кој се сретна во полуфиналето на ова натпреварување во 2009 година.
Овој натпревар, во кој вториот сет предизвика голема возбуда, Ѓоковиќ го доби со резултат 3:0 (6-1, 7-6 и 6-2) и го продолжи натпреварувањето на турнирот.
Во останатите средби, 6. носител на групата, Гаел Монфис го совлада Јиржи Весели со 3:0 (6-2, 6-3, 6-2), додека 8. носител Доминик Тим го совлада Јан-Ленард Штруф со резултат 3:1 (4-6, 6-4, 6-4, 6-3) и ги продолжија натпреварите во второто коло од Астралија опен.