Bakir Tiro
13 Јуни 2018•Ажурирај: 14 Јуни 2018
МАДРИД (АА) - Фернандо Јеро ќе биде селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија на Светското првенство што ќе започне утре во Русија, соопштија од Фудбалскиот сојуз на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Јеро, директорот на фудбалската репрезентација на Шпанија, ќе седи на клупата на „Црвената фурија“ на Мундијалот, наместо денес отпуштениот селектор Јулен Лопетеги. Челниците на ФС Шпанија му врачија отказ, бидејќи вчера официјално беше соопштено дека Лопетеги е новиот тренер на Реал Мадрид, иако во мај го продолжи договорот за селектор на националниот тим на својата земја.
Јеро денес ќе го спроведе и првиот тренинг со репрезентативците во Русија, а во 17:30 часот по средноевропско време, ќе ѝ се обрати на јавноста, т.е. на новинарите, на вонредната прес-конференција на стадионот во Краснодар.
Шпанија на Светското првенство ќе настапи во групата „Б“ каде што ќе игра против Португалија, Мароко и Иран. На Шпанците в петок, 15 јуни, противник во Сочи ќе им биде актуелниот првак на Европа, тимот на Португалија.