Diyar Güldoğan
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турски експерт за безбедносни прашања изјави дека НАТО ја оставил Анкара сама во борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
„НАТО не успеа во координирање на безбедносните приоритети на своите земји членки и ја остави Турција сама во борбата против терористичките организации како ПКК и ФЕТО“, вели Мурат Аслан, професор на Универзитетот „Хасан Калјонџу“, во изјава за Anadolu Agency (AA).
Како и сите други земји во НАТО, Аслан рече дека Турција ги поддржала САД кога тие прогласиле војна против тероризмот, но дека е дискутабилна тема тоа како европските земји и САД ја одразиле нивната волја на безбедносните проблеми на Турција.
Тој додаде дека проблемот се случил кога земјите-членки на ЕУ, кои го сочинуваат мнозинството од НАТО, зазеле заеднички став против Турција и ја изгубиле својата објективност.
„На пример, членките на НАТО во ЕУ се навикнати да ја напуштаат Турција при неправилните прекршувања на суверенитетот од страна на Грција и администрацијата на кипарските Грци“ , рече Аслан.
Тој рече дека изборот на НАТО да остане 'пасивен' додека ги повикува страните да се смират, ја претвора колективната безбедност во 'колективна тишина'.
Аслан верува дека Турција повеќе би сакала да застане на сопствени нозе истовремено обезбедувајќи ја својата безбедност, наместо да се потпре на НАТО.
Аслан истакна дека НАТО несомнено е гаранција за безбедноста на сите земји членки.
„ Сепак, Турција сака да има корист од гаранцијата за безбедност како сите земји-членки и бара избегнување на двојни стандарди“, додаде тој.
Тој изјави дека колективната безбедност на НАТО не треба да се претвори во 'индвидуална несигурност' на Турција.