Sinan Uslu
13 Јули 2017•Ажурирај: 14 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, Хулуси Акар, изјави дека сите припадници на предавничката терористичка мрежа ФЕТО ќе бидат соочени со правдата и ќе им бидат изречени најголемите можни казни што ги заслужуваат, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Анкара, Акар имаше обраќање во рамките на програмата за одбележување на првата годишнина од 15. јули, поточно предавничкиот обид за пуч што минатата година го изврши терористичката организација ФЕТО.
„Сите припадници на предавничката мрежа (терористичката организација ФЕТО) кои се предадени на правосудните институции на Република Турција, ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе ја добијат најголемата казна што ја заслужуваат“, порача Акар.
„Она што за нас е најважна и најголема вредност е сигурноста, а најголемиот успех ќе биде достоен за доверба. Во таа смисла, припадниците на Вооружените сили на Турција, кои се лојални на својата татковина, народот и државата, секогаш ќе бидат подготвени да го дадат својот живот за безбедноста, единството и заедништвото на нашиот народ“, додаде тој.
Припадниците на турските вооружени сили лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, на 15. јули 2016 година се обидоа да извршат воен удар и да ја соборат легалната и легитимна власт во земјата. Обидот за пуч е спречен истата ноќ, кога илјадници граѓани излегоа на улиците и со помош на безбедносните сили ги спречија пучистите.
Зградата на Генералштабот на турската војска при обидот за државен удар беше една од првите цели на пучистите, а таа ноќ за заложници беа земени голем број воени лица, вклучувајќи го и началникот Акар. Началникот на Генералштабот беше заробен во зградата на Генералштабот, а ослободен е во саботата наутро, со операција на полицијата.