Faruk Zorlu
02 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
АНКАРА
„Туркиш ерлајнс“ ја продолжи суспензијата на сите меѓународни летови до 1 мај, како дел од мерките за спречување на ширењето на новиот тип коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на „Туркиш ерлајнс“, Билал Екши, на социјалната мрежа Твитер изјави дека домашните летови се ограничени на 14 метрополски градови, додека до останатите градови се прекинати.
За да се патува во другите градови потребна е дозвола од локалните власти.
Турската авиокомпанија првично ги прекина сите меѓународни летови, со исклучок на летовите во Хонгконг, Москва, Адис Абеба, Њујорк и Вашингтон до 17 април.
Откако првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември, вирусот официјално познат како Ковид-19 се прошири во најмалку 180 земји и региони.
Податоците на Универзитетот со седиште во Мериленд покажаа дека во светот се заразени речиси 937.600 лица, а повеќе од 47.000 лица починале. Над 194.000 лица се излекувале.
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, изјави дека вкупно 277 лица во Турција починале од коронавирусот.