Diyar Güldoğan
14 Декември 2023•Ажурирај: 14 Декември 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, упати честитка по повод еврејскиот празник Ханука и порача дека Туркије се бори против сите видови дискриминација, известува Анадолу.
„Разбирањето на толеранцијата, која ги отфрла сите видови дискриминација врз основа на јазикот, верувањето и расата, едно е од највредните наследства што ни ги остави нашата длабоко вкоренета историја и цивилизација“, порача Ердоган.
Укажувајќи на големата важност на заштитата на вредностите и борбата против сите видови дискриминација, Ердоган рече дека во различни делови на светот се зголемува нетолеранцијата кон различни верувања и идентитети.
„Слободата на сите граѓани да ги практикуваат своите уверувања и понатаму ќе биде под гаранција на Република Туркије“, истакна Ердоган.