Zeynep Duyar
06 Октомври 2026•Ажурирано: 06 Октомври 2026
Турскиот министер за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир денес одржа средби со колегите што учествуваат на 77. Меѓународен астронаутички конгрес (ИAК 2026) во Анталија, јавува Анадолу.
Конгресот, организиран од Меѓународната астронаутичка федерација (ИАФ), со Анадолу како глобален комуникациски партнер, се одржува во конгресниот центар „Анталија НЕСТ“, под координација на Министерството за индустрија и технологија, а негови кодомаќини се Турската вселенска агенција и САХА Истанбул.
Вториот ден од конгресот Каџир во објавата на својот профил на НСоушал соопшти дека се сретнал со шпанскиот министер за индустрија и туризам Жорди Ереу, министерот за економија, мали и средни претпријатија, енергетика и туризам на Луксембург, Лекс Делес, министерот за спорт на Обединетите Арапски Емирати, Ахмад Белхул ал-Фаласи, министерот за дигитални технологии на Узбекистан, Шерзод Шерматов и министерот за животна средина, клима и дивиот свет на Зимбабве, Евелин Ндлову.
„Ги разгледавме можностите за соработка меѓу нашите земји во областите на претприемаштвото, индустријата, технологијата и иновациите. Заедно ќе го отвориме патот за нови партнерства и конкретни проекти во согласност со нашите заеднички цели“, наведе тој.
„Верувам дека силната меѓународна атмосфера создадена со IAК 2026 ќе даде нов поттик на соработката меѓу нашите земји“, додаде Каџир.