Aykut Karadağ
12 Февруари 2023•Ажурирај: 14 Февруари 2023
ХАТАЈ (АА) - Хусеин Сефероглу, 23-годишно момче со потешкотии во развојот, спасен е од урнатините во местото Антакија, во турската област Хатај, известува Анадолу.
Спасителите успеале да го извлечат Сефероглу по 155 часа од земјотресите што во понеделникот ги потресоа јужните региони на Туркије.
Сефероглу по извлекувањето од урнатините е предаден на медицинскиот персонал, кој му укажал медицинска помош.
„Бројката на загинати во земјотресот на југот од Туркије се зголеми на 24.617“, соопшти потпретседателот на оваа земја, Фуат Октај.
Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
Бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.