Utku Şimşek
15 Октомври 2024•Ажурирај: 16 Октомври 2024
АНКАРА (АА) - Националната агенција за разузнавање (МИТ) на Туркије во операција спроведена во Африка го фати Ахмет Бајкара, член на терористичката организација Ал Каеда, за кој беше откриено дека извршил терористички напад врз базите на турските вооружени сили во Сирија, известува Анадолу.
Според информациите добиени од безбедносни извори, како резултат на своите разузнавачки активности, МИТ утврди дека Бајкара, член на терористичката организација Ал Каеда, учествувал во акциите спроведени во подрачјата на базата на турските вооружени сили и конвојот на турските вооружени сили во Идлиб, Сирија.
Терористот Ахмет Бајкара избегнал во Африка откако сфатил дека го следат.
Бајкара, кој беше планер и извршител на голем број акции врз турските вооружени сили, беше заробен во една африканска земја како резултат на разузнавачки информации од страна на MИT.
Терористот Бајкара ги признал дејствата што ги извршил врз турските вооружени сили надвор од турските граници. Тој зборувал и за акциите што ги планирал врз многу чувствителни точки во Туркије и за луѓето со кои дејствувал.