Tuğba Altun
19 Мај 2025•Ажурирај: 20 Мај 2025
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи во врска со проширувањето на нападите на Израел врз Газа го изјави следново: „Проширувањето на нападите на Израел врз Газа во време кога преговорите се во тек ги поткопува сите напори за обезбедување мир и стабилност. Оваа ситуација е уште еден показател дека Израел нема намера да постигне траен мир“, известува Анадолу.
Турското МНР издаде писмено соопштение во врска со големата копнена операција на Израел во Газа.
„Во време кога преговорите се во тек, проширувањето на нападите на Израел во Газа ги поткопува сите напори за постигнување мир и стабилност. Оваа ситуација е уште еден показател дека Израел нема намера да постигне траен мир. Го повторуваме нашиот повик за итен прекин на операциите во различни делови на Газа, дозвола за влез на хуманитарна помош во Газа и итен прекин на огнот“, се вели во соопштението на турското МНР.
Во соопштението се нагласува дека од голема важност е меѓународната заедница да преземе ефикасни и решителни чекори против Израел со цел да се воспостави регионален мир и безбедност и се апелира до меѓународната заедница да преземе мерки во согласност со нејзините законски и хуманитарни обврски.
Израелската армија објави дека започнала копнени напади во Газа, со цел да ја прошири окупацијата и да ја направи трајна, како дел од новиот офанзивен план одобрен од безбедносниот кабинет на 4 мај.
Израелската армија во соопштението нагласи дека започнала сеопфатна копнена операција на север и југ од Појасот Газа, како дел од планот наречен „Гидеонови кочии“.
Во соопштението се вели дека израелската армија започнала напади врз 670 точки оваа недела, насочени кон цивилите во Газа, вклучувајќи училишта, болници и шатори во кои се сместени раселени Палестинци.