Gökhan Ergöçün
31 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
МАЛАТИЈА (АА) - Турција ќе ја заврши 2019 година со позитивни бројки на раст, изјави денеска турскиот министер за финансии и трезор, Берат Албајрак, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција ќе продолжи да ја поддржува индустријата и реалниот сектор, а чистото производство е приоритет за растот“, истакна Албајрак во своето обраќање во источната турска област Малатија.
„Покрај успехот во намалувањето на инфлацијата, Централната банка неодамна значително ги намали каматните стапки од 24 отсто на 14 отсто“, рече тој.
Откако минатата година се искачи на 25 отсто, инфлацијата постепено паѓа, од 20,3 отсто, колку што изнесуваше овој јануари, на 9,26 отсто во септември.
Нагласувајќи дека земјата во месец октомври очекува инфлација од 8 отсто, турскиот министер рече: „Во наредните денови, Турција ќе ја сведе инфлацијата во единечни цифри со реформите што ќе ја зголемат конкуренцијата и продуктивноста на пазарот на стоки и услуги.“
Според новата економска програма објавена минатиот месец, таргетираната инфлација на Турција за следната година е 8,5 отсто, 6 отсто во 2021 година и 4,9 отсто во 2022 година.
„Чекор по чекор се движиме кон нашите цели, и покрај најголемите три напади врз валутата во историјата, заканите и санкциите“, истакна Албајрак.
Минатата година, економијата се соочи со проблеми поради американските санкции поради затворањето на американскиот пастор Ендрју Крег Брансон, кој се соочи со обвиненија за тероризам во Турција.
„Го знаевме потенцијалот на нашата земја, и освен за економијата, се боревме и против дезинформациите“, додаде Албајрак.
Тој рече дека Турција ја подготвила новата економска програма со мислењата и поддршката од различни економски сектори.
„Го ставивме зборот „нова“ пред нашата економска програма, бидејќи нејзината најважна карактеристика беше новост“, потенцираше Албајрак.
Во врска со надворешната трговска размена на Турција, министерот истакна: „Во август 2019 година постигнавме рекорд во историјата на нашата република постигнувајќи 5,1 милијарда годишен суфицит.“
„Турција го зголеми извозот, а го намали увозот, и покрај нападите и намалената меѓународна трговија“, истакна турскиот министер за финансии и трезор, Берат Албајрак.